Променливо облачно во западните делови од наутро со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат од снег на највисоките планини. Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

До сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 л/м²) и ќе преминат во снег понекаде и на пониските места. На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер (и над 70 km/h), велат од УХМР.
OhridNews











