Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре ќе се задржи претежно стабилно време. Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Во четврток и петок температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.