Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Утре ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нов локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот.

OhridNews