Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.
OhridNews












