Променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура до 10 степени.

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

OhridNews