Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
OhridNews











