Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Охрид променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.

И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време, во четврток и во сабота со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините со врнежи од слаб снег. Стабилно и суво време со утринска магла по одделни котлини ќе се задржи во петок.

OhridNews