Променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура до 5 степени.

Денес и утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а во среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

OhridNews