Прoменливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура до 8 степени.

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена маса од север, врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Во понеделник наместа ќе има услови за провејување на снег. Потоа времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините снег.

OhridNews