Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини наутро ќе има појава на магла или ниска облачност. На места ќе има услови за слаб дожд. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со релативно високи температури. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, и во следните денови ќе има појава на магла или ниска облачност и во овие места дневната температура ќе биде пониска.
OhridNews