Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Од среда следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Во среда и четврток ќе дува засилен ветер од северен правец.
OhridNews












