Наутро по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 10 степени.

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Денеска и во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

OhridNews