Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на променливо облачно и студено време со услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
OhridNews