Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во петок и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Во останатите денови од периодот ќе преовладува стабилно и топло време.
OhridNews