Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Охрид променливо oблачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе достигне до 2 степени, а максималната до 15.
Во среда и во четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Утре долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер. Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.
OhridNews