Променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее. Во котлините со магла дневната температура ќе остане преку денот само до неколку степени над нулата.

И во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела.
OhridNews











