Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура до 23 степени.

Денес и утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

OhridNews