Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура до 20 степени.
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.
OhridNews