Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во деновите од викендов ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
OhridNews











