Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Максимапната температура ќе достигне 19 степени.
Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.
OhridNews