Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во следните денови од северен правец.
OhridNews












