Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Од утре ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
OhridNews











