Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, во следните два дена времето ќе биде стабилно, а во петок и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат во пораст.

OhridNews