Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни, (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Потоа во следните два дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег.
OhridNews