Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди, попладне со врнежи од дожд. Максималната температура до 18 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Во деновите од викендов и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
OhridNews