Променливо облачно со повеќе сончеви периоди претпладне и во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб претежно јужен ветер, само во североисточните делови ветерот ќе биде западен. UV=5
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степен.
Во следните денови ќе се задржи и понатаму топло. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот. Од понеделник условите за нестабилност ќе се намалат, велат од УХМР.
OhridNews