По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови, ќе има повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Охрид променливо облачно време Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност. Кон крајот на денот денеска најпрвин во западните делови и утре (среда) преку денот наместа ќе има повремени врнежи од дожд кои понекаде ќе продолжат и во ноќта кон четврток.
Утринската температура до среда ќе биде во постепен пораст, а потоа во благо опаѓање.
OhridNews