Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.
OhridNews











