Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, претежно во јужните делови со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Охрид променливо облачно време. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени.

И во петок времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, особено во северозападните делови. Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време, известува УХМР.

OhridNews