Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец .

Во Охрид времето денес променливо облачно. Максималната температура до 9 степени.

Повремени локални врнежи ќе има утре, а пообилни врнежи се очекуваат во понеделник, кога и на некои од повисоките места ќе преминуваат во снег. Преодно стабилизирање се очекува во вторник, а од среда повторно ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

OhridNews