Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Охрид променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за врнежи од дожд кој понекаде ќе поминува во снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Поради продор на студена воздушна маса од север во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени ќе бидат во западните делови каде ќе се создаде тенка снежна покривка понекаде и на пониските места. Во петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец поизразен утре и потоа во петок и сабота.

OhridNews