Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито со локален дожд, претежно во западните и јужните делови, каде е можна и појава на грмежи. Ќе дува засилен североисточен ветер на места со брзина од над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Охрид ќе биде променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 22 степени.

Утре и в четврток ќе има повеќе сончеви периоди и услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Потоа се очекува стабилно и потопло време.

OhridNews