Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 20 степени.
OhridNews











