Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд. Максималната температура до 27 степени.

Денес и утре времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.

OhridNews