Променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Утре и во понеделник времето ќе биде претежно сончево и потопло. Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
OhridNews












