Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максмалната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен пороен дожд и грмежи. Максмалната температура ќе достигн2е до 2 степени.

Времето утре претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Од почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата, велат од УХМР.

OhridNews