Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во утринските часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 12 Целзиусови степени.
Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 5 степени.
Во недела ќе има преодно стабилизирање на времето. Од ноќните часови кон понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, кои пообилни ќе бидат во понеделник.
OhridNews