Под влијание на атмосферски фронт денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 , а максималната од 22 до 33 степени Целзиусови.
Во Охрид ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе изнесува 18, а максималната ќе достигне до 26 степен Целзиусов.
Од утре ќе преовладува умерено облачно време со пониска температура, а само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд.
OhridNews