Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од утре ќе има стабилизирање на времето. Во деновите од викендот, а особено во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и студени со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.
OhridNews











