Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен западен и југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините (над 70км/час). Попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 20 степени Целзиусови, а УВ индексот 7.

И во недела ќе имаме променливо облачно време, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, во западните делови умерен јужен и југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени, а УВ индексот 7.

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд не очекува и на почетокот од новата работна недела.

OhridNews