Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.
Во Охрид ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно, сончево и потопло со мала до умерена облачност, Утре и во петок утринските температури ќе бидат ниски.
OhridNews