За време на празникот и претстојниот викенд, во Охрид ќе преовладува променливо време. Во сабота ќе биде облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Во петок не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени, информира УХМР.

За време на викендот не очекува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд кои поинтензивни ќе бидат во недела. Температурите ќе бидат релативно високи за овој период од годината. Минималната ќе се движи во интервал од 6 до 6 до 14 степени, а дневната од 15 до 23 степени.

Г.М.