Претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Од пладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура во Охрид денеска ќе достигне до 28 степени.

Во недела ќе имаме променливо облачно време, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Температурите ќе бидат во опаѓање, а максималната дневна во недела во Охрид ќе достигне до 26 степени.

 

Г.М.