Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 19 степени.
Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во денес. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. Од утре ќе дува засилен северен ветер кој наместа ќе достигне до 60 km/h. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.
Г.М.












