Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ на 11 јули, со почеток во 18 часот ќе биде претставена книгата „Дијамантско Лидерство“ од авторот Виктор Куновски.

  • Посветив неколку години во истражување, барајки одговор на прашањата – “како некои лидери, тимови и бизниси се далеку попродуктивни, поиновативни и попрофитабилни од останатите?”. – Како и ние да создадеме исклучителни бизниси и економија? Ги истражував најдобрите светски компании, работев на проекти со неколку фантастични консултантски куќи, студирав курсеви за најновите лидерски модели на најдобриот универзитет на планетава – МИТ од Бостон…Учејки и работејки со најдобрите, открив што прават поразлично.Ги открив нивните тајни формули и методологии за создавање на исклучителни резултати.Сето ова знаење и искуство го преточив во страниците на книгата „Дијамантско Лидерство“, вели Куновски.

Станува збор за дело кое ги открива седумте лидерски едукативни тајни за драматично зголемување на профитот и бизнис перформанси.

OhridNews