Промоција на книгата „Интимно со пандемијата“ од група автори, во издание на ЗПРКДУ „Креативна верига“ денес во КИЦ „Култура 365“ од 19:30 часот.

„Интимно со пандемијата“ е збирка од 26 раскази од 17 автори, кои ја споделуваат со читателот интимата на главните ликови во време на пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19. Се работи за шаренило на нарации и главни ликови кои заедно сочинуваат еден мозаик, едно дело кое по години би се читало како сведоштво на ова тешко време на пандемија, велат организаторите на промоцијата.

Промотори на книгата ќе бидат Лилјана Пандева и Мерсиха Исмајлоска.

Инаку, книгата e издадена во 2021 година, но поради тогашните протоколи за пандемија промовирана е само он-лајн.

OhridNews