Кафе Галерија

Од 24.04.2022 - 20:00 до 24.04.2022 - 21:00

Промоција на новото последно ремек-дело на музичкиот новинар и хроничар Тошо Филиповски, книгата „Мизар – Откровенија 1981-2021“ во недела во Охрид.

Опишана како прва монографија за еден македонски рок бенд, книгата дава детален приказ на историјата на една од највлијателните и најзначајни македонски групи, вклучувајќи концерти, плакати и интервјуа. На 333 страници се содржани 200 фотографии, од кои половина се досега необјавени.

Монографијата за „Мизар“ е четвртата книга за македонската рок музика што Филиповски ја објавува во рок од четири години, а следува по „Македонска рок енциклопедија 1963-2018“ (2018), „Македонска дискографија-винили 1958-2019“ (2019) и „Македонски рок времеплов“ (2021).

Промотор на книгата ќе биде Филип Жура, а промоцијата е закажана за во 20 часот во кафе Галерија.

OhridNews