Утре, недела, во просториите на општинскиот Црвен крст ќе се изврши промоција на првиот роман на волонтерот при Црвен крст-Охрид, Георги Ставрески, со наслов  „Виори низ сонот и фантазијата“.

Промотори на овој роман ќе бидат проф. Вангелко Лозаноски, наставник Љубица Чифлигароска, м-р Ивана Рилкова Томевска и Ленче Николоска кои воедно се и рецезенти на романот и се членови на Здружението на љубители на литературата и уметноста „Св.Висарион“ од Охрид.

На  промоцијата преку читање на извадоци од романот, ќе се наговести возбудливата тематика која се испреплетува со низа последователни настани, за на крај мрежата што се завивала да се отвори и да ни го претстави неочекуваниот крај. Низ романот на тапет ќе бидат ставени предрасудите и негативностите кои за жал се до нас и околу нас.

Промоцијата ќе почне во 18 часот.

OhridNews