Промоција на лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов, денес во Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија”.
Во Лексиконот на речиси 400 страници претставени се биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени во Македонија во периодот помеѓу 1850 и 1950 година. Овие ликовни дела: акварели, бакрорези, цртежи, графики, илустрации, се инспирирани од луѓето, градовите, пејзажите, обичаите или од историските настани кои се случиле во Македонија, во втората половина на 19 и првата половина на 20 век, велат авторите.
Промоцијата на лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ е закажана со почеток во 20 часот.
Во рамките на промоцијата на Лексиконот ќе се одржи и изложба на слики од приватната колекција Влатко Милошевски. Изложбата ќе биде поставена до 5 август и истата ќе може да се погледне во периодот од 18 до 21 часот.
OhridNews