Во Центарот за култура во Вевчани, се одржа промоцијата на првата преработка на Викторија Чочороска на една од најубавите стари македонски песни „Јаворе“. Аранжманот за песната го направи композиторот Николче Мицевски, а снимена е во студиото ХЛ Момироски во Скопје. Покрај аудио верзијата, публиката уживаше и во промоцијата на видео спотот за песната во изработка наДарио Јанковиќи General film production.
Чест ми е што сум вечерва во Вевчани и што имам прилика да промовирам песна која со особено задоволство ја сработив за Викторија.Уште прв пат кога ја слушнав Вики како ја пее песната Јаворе, од срце поскав таа прекрасна македонска песна да блесне во нов сјај и исклучиво во нејзина изведба и мислам дека заедно успеавме во тоа,изјави композиторот Мицевски.
Викторија Чочороска е млад изведувач, дипломирала на музичката академија во Скопје, а работи како професор по соло пеење во средното музичко училиште во Струга. Таа како соло изведувач патот во музичките води го започнува како член на КУД „Дримкол” од Вевчани, каде што и денес е активен член во пејачката група Каданка со која неодамна објавија и музичко ЦД на стари традиционални песни, а вклучена е и во повеќе музички работилници со деца.
Од нејзините досегашни ангажмани се издвојуваат соло настапите и концертите во рамки на Вевчанско културно лето, ликовната колонија „Вевчански видувања,, соло изведби за театарски претстави, а успешна соработка неодамна оствари и со групата Некст Тајм за песната ,,Нешто ќе те питам бабо,, за која песна го пее женскиот вокал, а соработува и концертира со дуото Даутовски.